16.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Нови проблеми за Барселона: Се повреди и Дани Олмо!

Се чини како да нема крај на проблемите на Ханси Флик и Барселона. „Болницата“ во редовите на „каталонците“ се зголеми за уште еден фудбалер, откако селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, откри дека Дани Олмо се пожалил на повреда на листот и не тренира со остатокот од фудбалерите.

Тој рече дека Олмо пристигнал заморен и не го издржал тренингот, па бил ослободен, а дополнителните прегледи треба да ја откријат сериозноста на повредата.

Освен Олмо, во Барселона повредени се и Ламин Јамал, Гави, Жоан Гарсија, Рафиња, Андреас Кристенсен и Фермин Лопес.

 

- Оглас -

Најнови вести