Европската фудбалски куќа, УЕФА, покрена дисциплинска постапка против Барселона поради кршење на финансискиот ферплеј. Каталонците доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува сериозна казна бидејќи ќе се смета дека го повториле делото, со оглед дека и претходно беа казнувани за истиот прекршок.
Доколку дисциплинците на УЕФА одлучат дека Барселона го сторила прекршокот, тогаш можни се три санкции. Првата е висока парична казна, потоа намалување на бројот на фудбалери кои ќе може да го пријават за настап во Лигата на шампионите, додека најстрогата казна е одземање бодови од лигашкиот дел на Лигата на шампионите.
Освен за Каталонците, постапка има и за Челзи и за Астон вила, но овие екипи претходно не се казнувани по овој основ, па ќе минат само со финансиска санкција. Барселона за првиот ваков прекршок беше казнета со 500.000 евра.