Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, го пропушти последниот тренинг на тимот и неговото учество на неделниот меч против Бетис е под големо прашање. Овој натпревар ќе го означи враќањето на Ла Лига по божиќната пауза.
Отсуството на шпанскиот централен дефанзивец е изненадувачко, бидејќи тој учествуваше на првите тренинзи по празниците. Иако Хаусен имаше одредени физички проблеми во последните недели, тој беше стартер и одигра цели 90 минути во последните два натпревари на Кралевите.
Доколку Хаусен не успее да се врати навреме за дуелот со Андалузијците, се очекува тренерот да ја формира одбраната со Раул Асенсио и Антонио Рудигер во централната зона.
Отсуството на младиот стопер ќе претставува неочекуван проблем за Чаби Алонсо, кој се надеваше на комплетен состав за рестартот на првенството. Секако, нема да може да смета на Килијан Мбапе кој ќе паузира околу три седмици.

