Нови проблеми за Лион: Следува исфрлање и од Лигата на Европа

Француската професионална лига потврди дека Лион е исфрлен од Лига 1 и следната сезона ќе настапува во Лига 2, поради финансиските проблеми и долгот од 500 милиони евра. Раководството не успеа да ги убеди финансиските власти во стабилноста на клубот, па следуваше најлошото можно решение за седумкратниот шампион на Франција.

Сепак, Лион сега го очекува нова суспензија. Со петтото место на табелата обезбедија пласман во групната фаза од Лигата на Европа, но сега ќе останат и без лиценца за Европа, па на нивно место ќе игра Стразбур, додека Ленс ќе игра во квалификациите.

УЕФА се уште ја нема потврдено оваа одлука, но според француските медиуми одлуката е донесена, а деновиве ќе биде и официјализирана. Лион ќе има право на жалба, но тешко дека ќе биде прифатена.

- Оглас -

Најнови вести