Давид Алаба важи за еден од најдобрите дефанзивци на денешницава, но веќе неколку месеци е надвор од терените поради повреда. Сите прогнози за неговата рехабилитација велеа дека тој ќе се врати кон крајов на месецов, а во Реал со нетрпение го чекаа.
Сепак, поради компликации при рехабилитацијата, како што е официјалната верзија, Алаба ќе мора да паузира уште дополнителни три месеци и се очекува да му се врати на фудбалот во јануари следната година.
Алаба ги скина лигаментите на левото колено, слично како и Дани Карвахал, а повреден е и Едер Милитао, па Карло Анчелоти мака мачи со дефанзивата на Реал Мадрид.