6756 Италија – Израел (20:45 ч.)
Италија само теоретски има шанса да се бори за првото место во групата каде што доминира Норвешка. Сепак, Аѕурите сигурно нема да дозволат да бидат изненадени од Израел. Првиот меч на овие два тима заврши со резултат 5:4.
На четири од последните пет меча на овие две селекции имало ГГ3+ и сега може да се очекуваат погодоци.
Предлог тип: 1-1&2-4 (2.80)
6752 Португалија – Унгарија (20:45 ч.)
Домаќините имаат екстра мотивација за овој меч затоа што со победа ќе го обезбедат првото место во групата, што значи и директен пласман на СП 2026. Пред еден месец овие два тима играа во Унгарија, а тогаш Португалија победи со 3:2.
Португалците сигурно од стартот ќе тргнат офанзивно и на крајот од средбата да се радуваат на место на планетарниот собир.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.15)
6753 Шпанија – Бугарија (20:45 ч.)
Бугарија е убедливо најслабата селекција во групата во која Шпанија доминира и има три победи во три меча со гол-разлика 11 дадени и ниту еден примен гол.
Минатиот месец Шпанија со 3:0 победи на гости во Бугарија, а сега единствена дилема е со колку разлика ќе се радуваат домаќините. Ова сигурно ќе биде една убедлива победа на Црвената фурија.
Предлог тип: 6+ (2.85)
6755 Турција – Грузија (20:45 ч.)
Меч на кој Турција треба да го потврди второто место во групата, кое носи бараж за СП 2026. Пред еден месец, Турција славеше на гости во Грузија со 3:2, а тоа и не е чудно ако се знае дека на четири од последните пет меѓусебни дуели било ГГ3+.
Турција е голем фаворит за победа, но Грузија нема што да загуби, само да се обиде да изненади.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ (1.97)
6750 Ирска – Ерменија (20:45 ч.)
Ирска е големо разочарување затоа што во три меча има само еден освоен бод во група со Португалија, Унгарија и Ерменија. Ова за домаќините ќе биде последна шанса во трката за второто место во групата, а Ерменците се мотивирани да покажат дека нивната победа од пред еден месец не била случајна.
Предлог тип: 1&0-3 (2.24)