Нови здравствени проблеми во редовите на Барселона

Како да не е доволно голем проблем што Лионел Меси викендов нема да настапи во дербито против Валенсија, сега тренерот Ернесто Валверде ќе нема ниту резерва за централната одбранбена позиција. Самуел Умтити во тренинг кампот на шпанскиот првак по репрезентативната пауза се вратил со повреда на десното стопало и ќе мора да отсуствува до шест недели.

Големи се шансите францускиот дефанзивец да не биде подготвен за настап и по првото „Ел Класико“ за оваа сезона, кое е закажано за 27 октомври, додека во меѓувреме ќе пропушти и неколку тешки дуели против  Борусија Дортмунд и Интер во Лигата на шампионите.

Валверде ќе се надева дека Пике и Ленгле ќе бидат потполно здрави како единствени стопери во следниот период, инаку одбраната на Каталонците ќе биде доста ранлива и покрај проблемите со кои се соочуваат по стартот на новата сезона.

Инаку, Луис Суарес е ослободен од медицински третман, па се очекува да се стави на располагање за утрешното дерби во рамки од четвртото коло во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести