За три недели, на глечерот Ретенбах со велеслаломска трка ќе биде отворена 59-тата сезона од Светскиот куп во алпско скијање.
Според Питер Гердол, директор на Светскиот куп за жени, сезоната носи и некои новини во однос на безбедноста, која минатата година постојано беше доведена во прашање поради бројните повреди.
„Од оваа година употребата на воздушно перниче ќе биде задолжително во брзите дисциплини“, рече Гердол.
Воздушното перниче ќе го штити целиот предел околу вратот, градите и ‘рбетот, но не ги штити колената.