23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Новина во македонскиот ракомет, Алкалоид првпат дома не го совлада Охрид

Алкалоид и ГРК Охрид одиграа 24-24 во дербито на македонската ракометна Суперлига, со што се потврди дека сезонава четврти тим ќе им се приклучи на трите фаворити во битката за трофеите.

Ова е првпат Алкалоид да не победи дома против ГРК Охрид. Засилените Гладијатори го контролираа резултатот во првото полувреме, но потоа скопјани го засилија темпото и го презедоа водството, но во финишот го испуштија и на крај дојде до поделба на бодовите.

Првите 14 минути од второто полувреме беа период во кој Алкалоид со серија од 8-2 поведе со 19-15 и направи пресврт откако по првото полувреме охриѓани водеа со два гола разлика (првото полувреме му припадна на Охрид со 13-11, а второто го доби Алкалоид со истиот резултат).

На една и пол минута до крајот охриѓани поведоа со 23-22, но останаа со човек помалку и Алкалоид профитираше со погодок за 23-23. Гладијаторите реализираа на 7 секунди до крајот, а со погодок на Карасманакис по убава акција, домашните се извлекоа и избегнаа пораз.

- Оглас -

Најнови вести