Со десеткуваниот состав, актуелниот европски вицепрвак предводен од Жозе Мурињо немаше сили да се соочи со Црвените бикови. Лајпциг вчера го дотолчи Тотенхем со 3-0 во реваншот и се пласира во следаната фаза, додека Португалецот претрпе уште едно разочарување во првата нокаут-рунда.
Оваа сезона дефинитивно е за заборав за сите симпатизери на Тотенхем, како и за самите играчи. Ниту на Мурињо не му е сеедно иако елиминацијата беше неминовма кога во составот ги нема главните играчи Кејн и Сон, а неговата ладнокрвна експресија на лицето ја забележа еден од новинарите на прес-конреференцијата по мечот и со обиде да го утеши Жозе.
„Развесели се, ќе биде подобро“, повтори неколкупати новинарот, а Мурињо бледо го гледаше и не сакаше да продолжи со разговор.
https://twitter.com/THFCReports/status/1237520775063547905