21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Новинар направи шоу на прес-конференцијата на Новак: Ова не е шега, сопругата ме замоли да ве прашам

Новак Ѓоковиќ вчера по 40-ти пат триумфира на турнирите од серијата Мастерс 1000 откако во финалето во Париз го совлада Григор Димитров, а потоа на прес-конференцијата беше одлично расположен и заедно со белгиски новинар направија мало шоу.

Новинарот му постави прашање на Ѓоковиќ кое сите ги остави без текст.
„Новак, извини, да те прашам нешто. Сопругата ми испрати порака да те прашам како успеа да го победиш стомачниот вирус. Таа во моментов поминува низ тешки моменти и ме замоли да те прашам за совет.

Новинарот сметаше дека Ѓоковиќ би можело да ѝ помогне на неговата сопруга бидејќи токму пред стартот на мастерсот во Париз тој имаше стомачен вирус.

Откако сите во салата престанаа да се смеат, Ѓоковиќ му одговори на новинарот.

„Знаете, јас не сум научник и не сум во состојба да давам медицински совети. Секое тело реагира на различен начин, но сметам дека внесувањето течности е клучно за мене. Не можам да зборувам во име на вашата сопруга или кој било друг за тоа каков начин на исхрана би им одговарал. Јас лично не можев да јадам многу кога имав стомачен вирус, само еднаш дневно јадев и потоа пиев многу течности. Имате вртоглавица, постојано чувствувате жед, слабост. Доколку сте професионален спортист тоа што мора да го направите откако ќе го напуштите теренот е просто – или вие ќе ги совладате болките и вирусот или тие ќе ве победат вас. Стомачните проблеми ме мачат и мене, но мислам дека за разлика од вашата сопруга, кај мене тоа траеше пократко иако поминав низ пекол 3-4 дена“, одговори Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести