Вчера на „Скај спорт“ во Германија се случи едно од најсмешните интервјуа годинава и стана вирален хит.
Репортерката Катарина Клајнфелд го праша „голманот“ дали очекувал ваква победата на Ајнтрахт од 4-1 над Вердер, а тој чудно ја гледаше, се поднасмеа и ја коригираше: Јас сум играч на Вердер, го заменив дресот после мечот!
Капитенот на Вердер, Марко Фридл, после мечот си го замени дресот со голманот на Ајнтрахт и со тој дрес се појави во микс-зоната за да даде изјава. Тоа ја збуни Катарина која откако сфати каква грешка направила, почна да се извинува.
Инаку, новинарката е девојка на спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастјан Кел.
Да биде уште посмешно, таа разговараше со Фридл и пред натпреварот, а 90 минути подоцна, не го препозна.