13.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Новинарка на Евроспорт го штипна Новак за да се увери дека е човек (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон десеттиот трофеј на Отвореното првенство на Австралија откако утринава го победи домашниот тенисер Алекс де Минор и со прикажаната игра ги импресионира сите, а дел од нив мораа да го штипнат за да се уверат дека е човек.

Ѓоковиќ за време на гренслем-турнирот во Мелбурн се жали на болки во ногата, во претходните мечеви постојано бараше медициски пауза меѓу сетовите, но против Де Минор, Новак не чувствуваше никакви болки и го декласира противникот дозволувајќи му да освои само пет гема.

Новинарката на телевизијата Евроспорт, Барабара Шет, беше толку импресионирана од играта на Ѓоковиќ, што интервјуто по мечот го започна на необичен начин, прво му честиташе, а потоа го штипна за раката за да се увери дека е човек и изнуди насмевка од Новак.

https://twitter.com/i/status/1617485567758897155

- Оглас -

Најнови вести