Новинарот кој го направи контроверзното интервју со Роналдо го демантира трансферот на Португалецот

Во текот на вчерашниот ден, главна фудбалска вест беше таа на весникот „Марка“ дека Кристијано Роналдо го избра следниот клуб, ќе се пресели во Саудиска Арабија и ќе стане најплатен спортист на денешницата, но познатиот новинар Пирс Морган тврди дека тоа не е вистина.

Роналдо, кој пред почетокот на Светското првенство во Катар спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед, според шпанската „Марка“ се согласил да потпише две и пол годишен договор со тимот од Саудиска Арабија, Ал-Наср, за 200 милиони долари по сезона.

Но, новинарот Пирс Морган, кој го направи контроверзното интервју со Роналдо, во кое Португалецот изнесе низа сериозни обвинувања на сметка на управата на Манчестер јунајтед, тренерот Ерик тен Хаг и соиграчите, тврди дека веста за трансферот во Саудиска Арабија не е точна.

„Повторно, не е точно“, напиша Морган на својот профил на „Твитер“, коментирајќи ја веста на „Марка“ дека Роналдо потпишал за Ал-Наср.

 

- Оглас -

Најнови вести