Новинарот кој прв објави дека Меси сака да си оди од Барса, објави новина во врска со Лео!

Новинарот Марсело Бехлер, кој во 2017 година прв објави дека Нејмар ќе потпише за Пари Сен Жермен, а во 2020 објави дека Лионел Меси сака да си оди од Барселона, овојпат објави дека Меси нема да потпише договор со Барса.

Се шпекулира дека Барса ќе проба да го добие Меси на позајмица, откако тој би потпишал за Интер од Мајами.

Бехлер имаше и една утка, во летото 2021 најави дека Меси ќе премине во Манчестер сити, а Аргентинецот се пресели во ПСЖ. Меси денеска се појави и на рекламата на ПСЖ за дресовите за следната сезона, што е дополнително замрсување на ситуацијата и најавува дека тој можеби и не ја отпишал целосно можноста да остане во Париз.

Бразилскиот новинар кој живее во Барселона објави дека Меси има понуди од клубови од Англија, од американската МЛС-лига и од Саудиска Арабија, а дека главен проблем за Барса е финансискиот ферплеј и што немаат доволно време за да најдат пари. Меси наводно деновиве ќе одлучи каде ќе игра, а на Каталонците им треба време и затоа Бехлер отпишува можност за договор на Меси со Барса.

- Оглас -

Најнови вести