34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Новиот ангажман открива зошто Манчини си поднесе оставка од селекторската функција во Италија

Роберто Манчини кој пред десетина дена неочекувано си поднесе оставка од селекторската функција во италијанската репрезентација, утре и официјално ќе биде промовиран во нов селектор на Саудиска Арабија, објави „Газета дело Спорт“.

Според весникот, Манчини веќе стави потпис на четиригодишниот договор со Фудбалската федерација на Саудиска Арабија и утре во Ријад, официјално ќе биде промовиран во нов селектор.

Манчини по оставката за италијанските медиуми изјавуваше дека нема да се пресели во Саудиска Арабија туку си заминува од функцијата поради несогласувања со претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.

Саудиска Арабија на Светското првенство кое се одржа во ноември и декември минатата година, направи вистинска сензација кога во првото коло ја совлада Аргентина со 2:1, но по завршување на Мондијалот, селекторот Ерв Ренар си поднесе оставка.

- Оглас -

Најнови вести