14.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Новиот англиски селектор предизвика скандал пред дебито, не сака да ја пее химната

Англија вечерва гостува кај Република Ирска на стадионот „Авива“ во Даблин во нивниот прв натпревар од Лига Б во Лигата на нации и тоа ќе биде прв натпревар за привремениот селектор на Трите лава, Ли Карсли, кој го замени Герет Саутгејт.

Карсли предизвика бран контроверзии пред неговото дебито денес. Причината е што најави дека нема намера да ја пее националната химна „Боже чувај го кралот“. Карсли, кој е роден пред 50 години во Бирмингем, има ирски корени и одиграно 39 натпревари за Ирска.

„Пеењето на националната химна е нешто со кое секогаш се борев кога играв за Ирска. Тој јаз помеѓу вашето загревање, одењето на теренот и забавувањето со химните, тоа е нешто што никогаш не сум го направил. Секогаш бев фокусиран на играта и на моите први акции на мечот. Во целост ги почитувам двете химни и разбирам колку значат за двете земји, но размислувам за тоа како ќе се постави противникот и нашите први акции на натпреварот“, изјави Карсли.

Објаснувањата на Карсли не беа добро прифатени од медиумите во Англија, некои остро ги критикуваа неговите изјави, па дури и побараа да биде отпуштен. Тие потсетуваат дека покојниот Свен-Горан Ериксон ја пееше химната, а беше странец.

- Оглас -

Најнови вести