(1007) Брајтон – Челзи (21:15ч)
Лампард не ќе може да смета на три од петте летни засилувања, но се очекува германското дуо Вернер – Хаверц да дебитира од првата минута за Сините. Гостите од Лондон имаат речиси перфектен учинок против Галебите, во шест претходни средби, остварија пет победи и ремизираа во последниот дуел.
Менаџерот на Челзи не го памети по добро премиерното коло од ланската сезона, кога загуби со 4-0 на „Олд Трафорд“, па сега ќе се обиде да го одведе тимот до победа на стартот од новата сезона. Брајтон имаше две контролки во подготовките во кои издвојуваше реми, а токму еден пријателски меч одиграа против Челзи со конечни 1-1.
Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.95)
(1008) Шефилд јунајтед – Вулверхемптон (19ч)
Возбудлив поход имаа и Шефилд и Вулвс во минатата сезона. Сечилата како новаци обезбедија висок пласман на деветтото место, додека Волците беа седми, но останаа без Лигата на Европа. И двете екипи добија на квалитет во играчкиот кадар и нормално императив ќе им биде добар старт во новата сезона.
Во ланското издание на Премиер лигата, Шефилд го доби двомечот со минимален триумф од 1-0 дома и реми од 1-1 на „Молињу“, но вечерва се очекува поотворена игра која може да резултира со повеќекратно тресење на мрежите.
Предлог тип: 1+I & 1+II (2.20)
(2873) Дуисбург – Борусија Дортмунд (20:45ч)
Првата рунда во германскиот Куп секогаш е возбудлива, а може да се очекува голеада кога игра Борусија Дортмунд. На Милионерите добро ќе им дојде да се загреат пред стартот на Бундеслигата, а тренерот Фавр веројатно ќе ги употреби ѕвездите како Халанд и Санчо, па и капитенот Ројс од неодамна се врати на терените по седумесечна пауза поради повреда.
Претходно летово овие две екипи се сретнаа во контролен меч во кој Дортмунд славеше со 5-1, резултат кој многу лесно може да се повтори и вечерва.
Предлог тип: 2 двојна (1.71)
(2832) Хатајспор – Истанбул Башакшехир (19ч)
Турскиот првак во одбрана на титулата тргнува против новакот Хатајспор, од кого клубот од Инстанбул памети еден шокантен пораз во јануари 2019 година. Хатај тогаш го елиминира Башакшехир во Купот со убедливи 4-1, па дојде време за реванширање и воедно да се оправда статусот на актуелен шампион.
Башакшехир рано го заврши учеството во Лигата на Европа по елиминацијата од Копенхаген, па имаше време да се подготвува за новата сезона. Учинокот е два гола во двете пријателски средби Касимпаша и Карагумрук, па во ист ритам треба продолжат и на гостувањето во Антакија.
Предлог тип: 2 & 0-4 (1.91)
(1663) Бершот – Генк (20:45)
Новиот прволигаш Бершот добро тргна во белгиското првенство со три победи пред Стандард да стави крај на низата. Сега повторно на новаците им гостува квалитетен противник во тимот на Генк, кој пак игра топло-ладно на стартот само со еден триумф, две ремија и пораз во четири кола досега.
Генк гостува на непозната територија, досега двете екипи немале прилика да ги одмерат силите, што малку ја отежнува работата во обид да се прогнозира овој меч. Во досегашните мечеви и двете екипи речиси редовно примаат, но и постигнуваат барем по еден гол, па затоа ефикасноста нека биде на ниво и вечерва.
Предлог тип: ГГ3+ (1.87)