Фудбалската федерација на Македонија под слоганот „ново сонце изгреа“ на социјалните мрежи се пофали со дизајнот на новите дресови со кои ќе игра фудбалската репрезентација на Македонија. Дизајнот кој изгледа одлично е дело на Рахила Илиев и Мартин Филиповски.
На првата опција останува црвената боја, како што велат од ФФМ, остануваме верни на македонската фудбалска традиција.
Резервната варијанта е бело-жолтата комбинација, додека третата гарнитура е во темна, црна, боја која дополнително го нагласува сонцето како национална гордост.
Фудбалската репрезентација на Македонија со новите дресови ќе дебитира утре на квалификацискиот дуел против Малта.