26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Новиот дрес на Ајакс инспириран од Боб Марли (Фото)

Како што се ближи крајот на сезоната, големите клубови веќе започнаа со подготовки за сезоната 2021/22. Холандскиот гигант Ајакс уште официјално ги нема претставено новите дресови, но веќе се појавија фотографии според кои третата гарнитура на дресовите на гигантот од Амстердам ќе бидат навистина интересни.

Челниците на Ајакс очигледно биле инспирирани од легендарниот пејач Боб Марли и неговата прославена песна Three Little Birds. Токму таа песна е една од омилените на навивачите на Ајакс, па често можеше да се слушне и на трибините на стадионот во Амстердам.

 

- Оглас -

Најнови вести