37.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Новиот дрес на Манчестер јунајтед ќе биде со нов спонзор и ги воодушеви навивачите поради еден детаљ кој ги потсети на минатото (Фото)

На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од дресот со кој фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе играат идната сезона и ги воодушеви навивачите на Црвените ѓаволи.

Договорот со спонзорот „Тимвивер“ се ближи кон крајот и од следната сезона ќе биде заменет со калифорнискиот технолошки гигант „Квалком технолоџис“ со неговиот бренд „Снапрагон“.

Логото на „Снапдрагон“ ќе биде истакнато на предната страна и ќе биде на сите три гарнитури на дресови на Манчестер јунајтед од следната сезона.

Навивачите на Манчестер јунајтед најмногу ги „воодушеви“ логото на новиот спонзор кој ги потсетува на логото на телефонската компанија Водафон, која го „красеше“ дресот на Јунајтед од 2000 до 2006 година.

 

- Оглас -

Најнови вести