Новиот дрес на Манчестер сити е копија на дресот на Фенербахче (Фото)

Манчестер сити ли е, Фенербахче ли е? Навивачите на англискиот првак се непријатно изненадени од гостинскиот дрес на Сити за следната сезона.

Дресот е во нетипични бои за Сити, а многумина со право сметаат дека е премногу сличен на оној на турскиот Фенербахче, доминираат пруги во темно сина и жолта боја.

Сити со компанијата „Пума“ соработува од 2019 година, а Германците на Англичаните им платија 80 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести