Иако уште не е познато кога ќе започне фудбалската сезона 2020/21, со оглед на тоа дека пандемијата со Коронавирусот ја пролонгира актуелната сезона, дел од клубовите постепено откриваат како ќе изгледаат новите униформи.
На социјалните мрежи кружи фотографија како ќе изгледа новиот дрес на Манчестер сити, а концептот ги подели фановите. На стандардната небесносина површина ставени се тенки бели линии и личи како распукан мраз. Дел од фановите сметаат дека дресот изгледа прекрасно, додека останатите сметаат дека тоа е вишок детаљ.
Како и да е, „Пума“ се потруди Граѓаните да имаат уникатна униформа, но ќе почекаме до почетокот на новата сезона за да видиме дали навистина играчите на Пеп Гвардиола ќе играат со овие дресови.
https://twitter.com/City_Xtra/status/1248236903884824578