Експресното распаѓање на Суперлигата може да ја натера УЕФА порано да го примени новиот формат за Лигата на шампионите, кој требаше да почне од сезоната 2024/25.
Засега не е познато кога порано би бил применет новиот формат, но дефинитивно нема да се чека уште три години за да го видиме новиот лик на најетлиното континентално клупско натпреварување.
Како што е веќе познато, УЕФА го презентираше новиот формат на денот кога се поставија темелите на Суперлигата. Наместо групна фаза, ќе се игра во една лига од 36 екипи, кои ќе играат четири натпревари повеќе од сега.
Сите детали околу новиот формат можете да ги прочитате ТУКА.