Новиот формат на Лигата на шампионите е критикуван најмногу поради големиот број натпревари, но големиот број клубови учесници и играњето во лига наместо групна фаза носат и големи разлики во квалитетот на екипите, па нема да биде изненадување ако има убедливи резултати.
Денеска на шест меча паднаа дури 28 гола, што е просек од речиси пет по натпревар. Дури 11 гола имаше на историскиот меч во Минхен, на три меча резултатот беше 3-1, а најнеефикасниот меч заврши 2-0.
Утре следува нова тура од шест меча, дерби е Манчестер сити – Интер, а Бојан Миовски во дресот на Жирона ќе има прилика во Париз да дебитира во најсилното клупско натпреварување во Европа.