Новиот газда на Челзи е „циција“ – Тимот под негово водство ќе биде далеку под успесите на Абрамович

Тод Боели од пред неколку дена го купи Челзи и со тоа ја заврши сопственоста на Роман Абрамович, којшто дефинитивно е најдобриот прв човек во историјата на клубот.

И додека рускиот милијардер не штедеше богатство за да го вивне Челзи меѓу најдобрите екипи во светот, новиот сопственик нема ниту одблиску да троши како претходникот.

Англиските познавачи во фудбалот тврдат дека Челзи под Боели ќе биде далеку од успесите коишто ги имаше со Роман бидејќи едноставно новиот газда не е миленик на трошење високи суми за играчи.

Иако јасно е дека во фудбалот не играат главна улога парите, но тие се еден од клучните фактори за успех, а за тоа говорат и вложувањата на Абрамович, којшто го донесе тимот и до две титули во Лигата на шампионите.

Летниот преоден рок ќе покаже колку е расположен новиот сопственик на Челзи да го „одврзе“ ќесето.

- Оглас -

Најнови вести