Новиот сопственик на ФК Вардар, Атила Бижен Жалили денеска на големиот македонски празник „11 Октомври“ се огласи со соопштение во јавноста. Жалили кој е сопственик на 85% од акциите на „црвено-црните“ го изрази своето големо задоволство што го превзема најголемиот бренд во државата.
Тој потенцира дека имал понуди да соработува со други големи европски клубови, но на крајот се одлучил за Вардар. Новиот сопственик тоа го сторил благодарение на претседателот на клубот Миленко Неделковски, кој му дал одлични аргументи зошто треба да биде на чело на клубот.
“Ќе се обидеме да го искористиме нашето искуство во работата со неколку спортски гиганти ширум Европа за да го издигнеме и Вардар на местото што го заслужува”, се вели меѓудругото во соопштението на новиот сопственик Атила Бижен Жалили, кој има седиште во Будимпешта.