Ливерпул го претстави новиот дрес за натпреварите на гостински терен со објаснување дека чудната комбинација во бела боја гарнирана со неколку бои во искривени линии е инспирирана од музичката сцена во градот на Битлси, најмногу од диско-сцената во 90-те години од минатиот век.
Најавено е дека Ливерпул веќе денеска против Манчестер јунајтед на пријателски натпревар во Бангкок од 15 часот ќе ги промовира новите гостински дресови за сезоната 2022/23.
Play to your own beat 🎶
Our 2022/23 @nikefootball away kit is inspired by Liverpool's vibrant music scene 🤩
— Liverpool FC (@LFC) July 12, 2022
Новитетот на „Најки“ кој ги произведе дресовите ги подели навивачите на Ливерпул, а има поддржувачи и противници на новиот дизајн и најмногу од се луди и шеговити коментари.
„Со ваков дрес ќе имаме моќно гостински оружје. Кога ќе не видат домашните екипи ќе ги фати вртоглавица и ќе им даваме лесни голови“ е еден од коментарите за новите дресови на англискиот гигант.
„Дресот хипнотизира, дур трепнеш ќе водиме со 1:0“, е уште еден интересен коментар на навивачите на Ливерпул.