13.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Новиот играч на Порто за својот трансфер дознал од интернет

Полскиот фудбалер Јакуб Кивиор во последните денови од преодниот рок премина од Арсенал во Порто во трансфер вреден 26 милиони евра.

Така португалскиот гигант доби големо засилување во одбраната, а Кивиор за својот трансфер дозна преку интернет.

Познатиот фудбалски инсajдер Фабрицио Романо објави дека Полјакот заминува за „Драгао“ пред тој воопшто да биде информиран. Кога се појавил на тренингот во Арсенал, соиграчите го прашале зошто воопшто ќе тренира, со оглед дека го очекува преселба во друг клуб.

- Оглас -

Најнови вести