Новиот играч на Реал се расплака на промоцијата, но порача дека сака да биде дел од историјата на клубот

Реиниер Жезус Карвалјо денеска беше претставен како нов играч на Реал Мадрид. Младиот Бразилец е еден од најголемите таленти, па затоа Реал не жалеше пари за да го доведе од Фламенго. Тинејџерот кој има само 18 години игра на средината на теренот, а се очекува шанса во првиот тим да добие уште оваа сезона.

„За мене ова е многу среќен ден и ова е исполнување на моите соништа. Му благодарам на моето семејство кое секогаш било со мене. Секогаш сум зборувал дека ќе биде неверојатно ако еден ден дојдам во Реал Мадрид. Сакам да бидам дел од историјата на овој клуб. Напред Мадрид“, рече Реиниер, кој додаде дека еден ден татко му му се јавил и му соопштил дека токму Реал Мадрид сака да го купи.

Додека зборуваше за тешкиот пат кој го поминал за да стигне до Реал Мадрид, Реиниер заплака, но брзо се созеде и продолжи со прес-конференцијата. „Веќе тренирав со соиграчите и подготвен сум да се појавам на теренот“, додаде младиот Бразилец, кој со восхит зборуваше и за легендите на Реал, како што се Раул, Кака, Зидан, но и за навивачите на клубот.

Реал Мадрид плати 35 милиони евра за доведување на Реиниер, кој потпиша шест и пол годишен договор со гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести