23.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Новиот играч на Реал со убав гест до вработените на клубот од неговото детство

Едуардо Камавинга на само 18 години доби шанса да се докажува во еден од најтрофејните клубови во Европа, Реал Мадрид, по комплетирањето на својот трансфер во редовите на Кралскиот клуб во последниот ден од преодниот рок.

Тој го напушти својот клуб од детството Рен за да си го исполни сонот, а во знак на благодарност реши да направи убав гест за сите 166 вработени во францускиот прволигаш. Имено, Камавинга ќе подари 166 дресови од Реал Мадрид на сите кои работат во Рен, од најниска до највисока позиција, информира францускиот медиум „Ле Паризиен“.

Инаку Камавинга вчера беше еден од стрелците против селекцијата на Македонија до 21 година, во победата на Франција од 3-0 во квалификациите за ЕП 2023 за млади.

- Оглас -

Најнови вести