Јувентус ангажираше некиолку одлични засилувања, главна ѕвезда на преодниот рок за Старата дама е Маријс Де Лихт, а ако се реализираат сите најавени трансфери шампионот на Италија повторно ќе има моќен состав.
Според најавите Војчеш Шчесни е неприкосновен на голот, Трипие и Алекс Сандро треба да ги покриваат бековските позиции, а нов тандем стопери ќе бидат Де Лихт и Кјелини.
Рамзи, Пјаниќ и Рабио ќе бидат задолжени за креативен среден ред, а се очекува конечно и Дибала да биде почесто стартер во нападот со Кристијано Роналдо и Даглас Коста. Ако нема изненадувања во продолжениетот на летниот трансфер период, се најавува ваква стартна формација на Јувентус под команда на новиот тренер Маурисио Сари: