Бразилецот Реиниер Жезус и официјално потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид. Фудбалерот кој пред неколку дена наполни 18 години, најпрвин ќе игра за вториот тим на Реал, Кастилја, а потоа ќе се пресели во првиот тим. Реал за него плати 30 милиони евра. Од таа сума, 24 милиони добива клубот Фламенго, а по три милиони се за агентот и за семејството на младиот фудбалер за кого се интересираа и други клубови.
Со ангажирањето на Реиниер, кој е најдобар бразилски играч од неговата генерација, мадридскиот клуб ја продолжува серијата на купување млади фудбалери. Такви примери се: Лунин, Одегард, Кубо, Винисиус, Родриго, претходно Валверде, Асенсио, Каземиро.