Новиот капитен на Динамо не го заборави Адеми (Фото)

Екипата на Динамо Загреб ја прослави новата шампионска титула во хрватското првенство, а голманот и капитен, Доминик Ливаковиќ, на церемонијата се појави со дрес на Аријан Адеми.

Македонскиот репрезентативец долго играше за Модрите, беше капитен на Динамо, па Ливаковиќ на ваков начин реши да му се оддолжи.

„На почетокот на сезонава, кога го освоиме Суперкупот, тој сам ми рече јас да го кренам трофејот. Благодарен сум му, до неодамна беше тука, Аријан е мој пријател, и икона на клубот“, изјави Ливаковиќ, кој веројатно летово ќе ја смени клупската средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести