„Новиот“ Мбапе ќе потпише за Њукасл

Младиот француски фудбалер Хуго Екитике кој има само 19 години, би требало во новата сезона да го носи дресот на Њукасл. Според најавите, Њукасл се договорил да исплати оштета од 30 милиони евра на Реимс, а со бонусите, овој трансфер може да биде и пет милиони повеќе.

Во сезоната која измина, Екитике даде 10 гола за Реимс, а имаше и три асистенции. Голем дел од светските медиуми овој тинејџер го нарекоа „Новиот Мбапе“, поради сличниот стил на игра со ѕвездата на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести