13.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Новиот мегаталент на Баерн го урна рекордот на Џамал Мусијала

Новиот мегаталент на Баерн Минхен, Ленарт Карл, влезе во историјата на клубот. Офанзивниот фудбалер стана најмладиот стрелец за тимот во Лигата на шампионите. Карл го отвори резултатот против Клуб Бриж со фантастичен гол за 1-0.

Тој ја прими топката на средината на теренот од Хари Кејн, лесно минувајќи преку неколку дефанзивци, и со впечатлив удар ја затресе мрежата на Бриж.

Карл го постигна голот на возраст од 17 години и 242 дена, што го прави најмлад стрелец на Баерн во ЛШ, надминувајќи го рекордот на Џамал Мусијала, кој го постигна својот прв гол во европското натпреварување со 17 години и 363 дена против Лацио во 2021 година.

Оваа сезона, Ленарт Карл има одиграно осум натпревари за Баерн, а во Бундеслигата запиша една асистенција во победата од 4-1 над Хофенхајм.

- Оглас -

Најнови вести