Новиот Меси е од Барселона и игра со Пандев, головите му се фантастични и исти како на идолот (Видео)

Горан Пандев во залезот на кариерата игра во Парма со новиот Меси, а уживаше во головите на Адријан Бернабе, момче кое е родено во Барселона и неодоливо потсетува на својот идол Лео Меси.

Бернабе денеска постигна два гола за Парма во победата од 4:3 против Комо, а и двата беа импресивни и многу личат на ремек-делата на Меси.

Особено вториот, кога со маестрални дриблинзи ја измеша одбраната на Комо и постигна гол за 3:2.

Бернабе беше стрелец на два гола и минатиот викенд, кога Парма ја победи Козенца со 3:1, а двата погодоци од слободен удар му беа фантастични.

Сите четири гола на новата шпанска ѕвезда, која има само 20 години, можете да ги погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести