Новиот напаѓач на Јувентус стигна во Торино на лекарски прегледи пред потписот (Видео)

Канадскиот репрезентативен напаѓач Џонатан Давид пристигна во Торино каде ги има задолжителните медицински тестови, пред да го финализира трансферот во Јувентус каде доаѓа како слободен играч, откако му истече договорот со Лил.

Се очекува напаѓачот да заработува нето плата од околу 6 милиони евра по сезона.

Давид пет години беше во Лил и остави сериозен белег во францускиот клуб, на 232 одиграни натпревари постигна 109 гола.

Давид прво беше пречекан од фанови на Јуве на аеродромот „Малпенза“ во Милано, а потоа и пред медицинскиот центар во Торино каде треба да ги финализира формалностите пред и официјално да стане член на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести