Новиот португалски селектор не го отпишува Кристијано Роналдо

Шпанецот Роберто Мартинез беше претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Португалија, а првото прашање до екс-селекторот на Белгија беше дали ќе го повикува Кристијано Роналдо во националниот тим.

„Моја почетна точка е дека треба да сметам на сите фудбалери кои беа на листата на Светското првенство во Катар. Роналдо беше таму, тој 19 години е репрезентативец, заслужува почит, и ќе треба да седнеме да разговараме со него уште утре. Треба да се донесат некои важни одлуки за тимот“ – вели 49-годишниот Мартинез кој не му ја затвори вратата на првиот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал.

Веќе во март почнуваат квалификациите за ЕП 2024, па ќе се види каква ќе биде улогата на Роналдо во „новата“ Португалија.

- Оглас -

Најнови вести