Новиот премиерлигашки шампион титулата може да ја слави со 10.000 навивачи на трибините

Одлична вест за премиерлигашките клубови, а и за гледачите кои англиското првенство го следат на телевизија. Британскиот премиер Борис Џонсон објави дека по 17 мај навивачите би можеле да се вратат на трибините од стадионите, а Премиер лигата завршува на 23 мај.

Според планот на Владата, полека ќе се отстрануваат рестрикциите заради пандемијата од корона-вирус, а отворањето на стадионите е предвидено за третиот чекор од планот, кој почнува на 17 мај. Ова значи дека во последното коло во Премиер лигата би можело да има публика, па клубот кој ќе ја освои титулата ќе прослави со навивачи на трибините.

Во прво време, на големите стадиони кои имаат над 40.000 седишта ќе биде дозволено да има најмногу до 10.000 луѓе, а и помалите стадиони исто така ќе смеат да бидат исполнети со 25 проценти од нивниот капацитет. Но, и тоа е многу подобро отколку вака, кога трибините се празни и екипите нема со кого да ја споделат радоста по победа.

- Оглас -

Најнови вести