24.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Новиот првак на Италија го победи финалистот во Лигата на шампиони (Видео)

Шампионското славје на Наполи продолжува на стадионот Диего Армандо Марадона и тоа со нова победа, овојпат во дербито против Интер од 3:1. Мрежите мируваа се до последниот квартал од мечот, а потоа започна гол шоуто.

Во 67 минута Наполи поведе со погодокот на Ангуиса, а Интер израмни на 1:1 преку Лукаку во 82 минута. Сепак, оваа радост на гостите траеше кратко, затоа што во 85 минута веќе беше 2:1 за домаќините. Ди Лоренцо постигна еврогол кој може да го видите ТУКА.

До крајот на мечот, Наполи преку Гаетано во 95 минута само го потврди триумфот. Со оваа победа, Наполи само потврди дека заслужено е првак и сезонава има барем по една радост против сите 19 екипи во Серија А.

По 36 кола, Наполи е убедлив лидер и има 86 бодови, додека Интер остана на третото место со 66 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести