Новиот Роналдо доби повик да игра за А тимот на Бразил

Напаѓачот на Палмеирас, Ендрик, доби повик од бразилскиот селектор Фернандо Диниз и може да стане најмладиот фудбалер кој заиграл за А тимот на Бразил во последните 30-тина години.

Ендрик има 17 години и три месеци и првпат е повикан да игра за Кариоките, а тој е најмладиот што добил повик за сениорите од Роналдо Назарио во 1994 година.

На Бразил му претстојат два тешки меча од квалификациите за СП 2026, гостување кај Колумбија и домашен меч со светскиот првак Аргентина. Ќе ги нема повредените Нејмар, Каземиро и Данило, а Габриел Жезус е на листата со надеж дека ќе закрепне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести