Новиот селектор на САД е пресамоуверен: Можеме да го освоиме Мундијалот во 2026!

Маурисио Покетино и официјално ја превзема репрезентацијата на САД, а аргентинскиот тренер на првото појавувањето на пресконференцијата покажа преголем оптимизам. Аргентинскиот стратег вели САД има потенцијал и квалитет да го освои Светското првенство во 2026 година на чие Американците ќе бидат организатори и тоа заедно со Канада и Мексико.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од овој неверојатен проект и предизвик. Важно е да веруваме дека можеме да победиме, не само одредени мечеви на Светското пренство во 2026 година, туку да победиме на целиот турнир. Ако не веруваме, тогаш патот ќе биде тежок. Единствен начин е да се изгради посакуваната филозофија и да ги натераме играчите со целиот свој квалитет и талент да влезат на секој меч. Во фудбалот најважно е да се верува. Ако веруваме, ќе успееме“, оптимистички вели Покетино.

Искусниот 52-годинеш тренер во кариерата бил на клупата на Еспањол, Саутемптон, Тотенхем, ПСЖ, Челзи и сега прв пат ќе предводи една национална селекција.

- Оглас -

Најнови вести