Новиот селекторот на Косово ќе работи за 33.000 евра месечно

Поранешниот селектор на Австрија, Франко Фода, во следните две години ќе биде предводник на фудбалската репрезентација на Косово. Фода, кој ја предводеше Австрија во дуелот против Македонија на Европското првенство 2021 година, сега има нов предизвик, а тоа е да донесе позитивни резултати за Косово.

Според косовските медиуми, Фода потпиша договор кој во следните две години треба да му донесе 800.000 евра, што значи дека месечната плата ќе му биде 33.000 евра.

Првиот поголем предизвик на Фода како селектор на Косово ќе бидат настапите во Лигата на нации во Сегментот Ц. Косово е во група со Кипар, Романија, а последниот ривал ќе биде подобриот од двомечот меѓу Гибралтар и Литванија.

 

- Оглас -

Најнови вести