Новиот спектакуларен стадион на Евертон доби име, но навивачите се многу разочарани (Видео)

Новиот, спектакуларен стадион на Евертон на Брамли-Мур Док од денес го доби своето прво официјално име, а навивачите воопшто не се воодушевени. Новиот стадион на Евертон ќе се вика „Хил Дикинсон“, име кое доаѓа од успешна адвокатска фирма за комерцијални цели која вклучува 11 канцеларии низ Велика Британија, Европа и Азија.

Ова е компанија од Ливерпул, која ги спојува две институции од овој град. Евертон објави дека Хил Дикинсон стана официјален партнер за правата за именување, што значи дека новиот стадион ќе се вика „Хил Дикинсон“.

Евертон објави дека ова е еден од најголемите договори во европскиот фудбал и дека клубот и компанијата имаат заедничка историја што датира од основањето на Евертон во 1878 година.

Сепак, навивачите се уште се разочарани од името на новиот стадион. Иако станува збор за богат договор, кој сигурно ќе влијае на иднината на клубот, зборот Дикинсон се толкува погрдно на англиски јазик и според коментарите на социјалните мрежи, малкумина се задоволни од потегот на клубот, а повеќето се плашат да не го исмеваат новиот стадион поради неговото име.

На социјалните мрежи веќе започнаа „форумите“ околу името на новиот стадион на Евертон, а навивачите на локалните ривали се обидуваат да смислат најдобра идеја за да го „боцнат“ клубот од Ливерпул.

Стадионот „Хил Дикинсон“, чие официјално отворање е закажано за август оваа година, беше неодамна изграден и има капацитет од 52.888 седишта.

Покрај натпреварите со Евертон, тоа ќе биде дестинација за спортски, музички, забавни, деловни и културни настани во текот на целата година. Новиот стадион обезбеди илјадници работни места, привлече значајни инвестиции и ќе послужи за значаен економски развој на градот.

- Оглас -

Најнови вести