Белгиецот Лука Бресел, кој за триумфот на Светското првенство во снукер заработи половина милион евра, веднаш списка 300.000 евра за нов луксузен автомобил. Бресел на својот профил на Инстаграм се пофали дека си купил Ферари.
„Мојот нов автомобил. Не е лошо за човек кој се занимава со кафански спорт“, напиша Бресел.
Белгиецот е познат како љубител на скапи автомобили и во својата гаража веќе има Јагуар и Бе-ем-ве И8“. Со одличните резултати во кариерата може да си дозволи да купи скапи автомобили, Бресел досега од награди заработи околу 2,1 милиони евра.