Лијам Росениор е тренерот кој е подготвен да ја започне својата фудбалска приказна во тимот на Челзи. Розениор беше назначен за нов менаџер на лондонскиот тим на местото на Енцо Мареска, кој доби отказ по серијата лоши резултати.
Мареска си замина на првиот ден од Новата година, а Челзи потоа играше меч против градскиот ривал Фулам и загуби со 2:1. Розениор овој дуел го следеше од трибините, а сега се очекува да го има и дебито на клупата и тоа во рамките од третото коло во Ф Купот против Чарлтон.
„Многу сум горд што сум млад англиски тренер во еден од најголемите клубови во светскиот фудбал. Не сакам да звучам како да сум арогантен, но добар сум во работата што ја работам. Многу сум возбуден што што ќе работам со вакви играчи. Бев одлично примен и по само неколку дена тука се чувствувам како да сум дома. Во составот има одлични играчи, со голем потенцијал, а моја задача е тој потенцијал да го претворам во стварност“, рече полн со оптимизам новиот тренер на Челзи, Росениор.

