20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Новиот тренер на Манчестер јунајтед кажа што мисли за Роналдо

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг има план да го задржи Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ и во следната сезона. Црвените ѓаволи не успеаа да се пласираат во Лигата на шампиони и ќе играат во Лигата на Европа, па прашање беше дали Роналдо би играл во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Тен Хаг вчера за последен пат го предводеше Ајакс, клуб со кој ја освои титулата во Холандија, а следната недела ќе ја започне работата на „Олд Трафорд“.

„Сакам да го задржиме Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед. Тој е многу важен играч во екипата. Роналдо е гигант“, вели холандскиот стратег Тен Хаг кој од 2017 година беше на чело на Ајакс, а сега му претстои нова авантура за прв пат како главен тренер надвор од Холандија.

- Оглас -

Најнови вести