39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Новиот тренер на Милан ќе дебитира против својот син

Португалскиот стручњак Сержо Консеисао ја доби довербата да биде нов тренер на Милан, каде што го наследи неговиот сонародник, Пауло Фонсека. Росонерите се разделија од Фонсека поради слабите резултати, а кулминација беше тоа што не ја победија Рома на „Сан Сиро“ (1:1). По тој меч, Фонсека доби отказ.

Косеисао потпиша договор до јуни 2026 година, а дебито на клупата на Милан ќе го има веќе на 3 јануари, и тоа во едно големо дерби. Росонерите ќе играат против Јувентус во рамките од полуфиналето на Суперкупот на Италија.

Интересно е дека во редовите на Јувентус игра Франсиско Консеисао, синот на Сержо. Тоа значи дека таткото во дебито за ривал ќе го има својот син.

- Оглас -

Најнови вести