Новиот тренер на Партизан ќе зема поголема плата од играчите

Италијнскиот стручњак Андреа Тринкиери е новиот тренер на кошаркарскиот клуб Партизан, а според „Блиц“, договорот ќе биде со траење од три години и Тринкиери ќе зема плата од 33.000 евра месечно.

Помошник на Тринкиери ќе му биде Црногорецот Владо Шќепановиќ. Некогашниот играч на Партизан нема да му биде во улога на преведувач, бидејќи мајката на Тринкиери е Хрватка, баба му е Црногорка, и тој одлично го говори јазикот, туку Шќепановиќ ќе биде вистински асистент.

Прва задача ќе му биде да ја скаутира играта на Мега Бемакс, кој е прв ривал на Партизан во АБА-лигата. На таа средба в сабота, Тринкиери ќе го има дебито, а вечерва „црно-белите“ играат меч од Еврокупот.

Договорот уште не е официјално објавен, но Тринкиери на својот профил на „Твитер“ стави слика со грбот на белградскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести